Рахим Стерлинг има не само што го изгуби првотимскиот статус туку и дефинитивно е отпишан од редовите на „сините“.
Последен доказ дека клубот воопшто не смета на него е што неговата „седмица“ заврши на грбот на Педро Нето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Поранешниот англиски репрезентативец остана без својот број што е уште едно понижување за него.
Инаку, со плата од околу 1.2 милиони фунти месечно, Стерлинг е еден од најплатените на
„Стенфорд Бриџ“. До крајот на преодниот рок нема уште многу, меѓутоа се очекува наскоро да биде потврден неговиот нов клуб.