„Кориере дело спорт“ тврди дека Челзи е сериозно заинтересиран за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Тухел спрема реконструкција на тимот и како приоритет за средниот ред го посочил токму Милинковиќ-Савиќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Кориере“ тврди дека Челзи нуди 70 милиони евра, но Лацио бара 80 милиони и не брза да ги продаде бидејќи Србинот има уште две години договор.
Но, Челзи сака со преговори да ја намали разликата и побрзо да го договори трансферот, бидејќи конкуренцијата е голема.
Милинковиќ-Савиќ е седум години во Лацио, а неговиот агент истакна дека сега е вистински момент за трансфер и чекор напред во кариерата.
Неколку европски гиганти покажуваат интерес за Србинот, но во моментов Челзи е најконкретен.