Челзи офијави дека ќе бара промена на лиценцата под која што ќе мора да работи за време на санкциите на сопственикот Роман Абрамович.
Порано денес британските власти го „замрзнаа“ целиот имот на Абрамович, а клубот ќе може да работи под специјални услови. Не смее да прави трансфери, да продолжува договори на фудбалери, а „замрзната“ е и продажбата на клубот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Во наредниот период ќе имаме разговор со адвокатите и да дискутираме за специјалната лиценца. Ќе бараме начин за клубот да продолжи да работи што е можно најнормално. Ќе побараме и насоки за промена на лиценцата врз хуманитарната работа на Челзи. Дополнителни детали ќе изнесеме во подобен момент“, соопштија од Челзи.
Statement from Chelsea Football Club.
— Chelsea FC (@ChelseaFC) March 10, 2022