Дома Трансфер зона Челзи започна преговори за ѕвездата на Севиља

Челзи започна преговори за ѕвездата на Севиља

Дефанзивецот на Севиља и француски репрезентативец, Жил Кунде е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Постои огромен интерес за 22-годишниот дефанзивец, но шпанските медиуми тврдат дека во моментов Челзи е фаворит за неговиот потпис.

Кунде пристигна во Севиља во 2019 година од Бордо за 25 милиони евра и се етаблираше во еден од најдобрите млади стопери во Европа.

И самиот истакна дека е спремен да направи чекор напред во кариерата, а интерес за него покај Челзи покажуваат уште Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед.

Челзи е спремен да ја победи конкуренцијата и започнал преговори со Севиља, а се очекува цената на трансферот да изнесува помеѓу 50 и 60 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…