Дома Фудбал Челзи загрижен: Куртоа го пропушта финалето?

Челзи загрижен: Куртоа го пропушта финалето?

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа ги загрижи фабовите и стручниот штаб на „сините“.

Белгиецот го пропушти синоќешниот дуел со Хадерсфилд поради болки во грбот. Во моментов не е јасно од каква природа е неговата повреда и колку време ќе отсуствува од терените.

На „Стенфорд Бриџ“ се сериозно загрижени дека Куртоа нема да успее да се опорави до финалето на ФА Купот.

„Сините“ во финалето ќе ги одмерат силите со Манчестер Јунајтед на 19-ти мај. Медиумите тврдат дека голема е веројатноста Конте да не ризикува со неговиот настап и во финалето да биде меѓу стативите вториот голман Кабаљеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марка открива што му довикувал Јамал на Андерсон по црвениот картон

Јамал изнуди пенал и исклучување против Англија, а според „Марка“, потоа со навреди го исп…