Дома Трансфер зона Челзи до крајот на овој месец спрема уште три засилувања?

Челзи до крајот на овој месец спрема уште три засилувања?

Англискиот гигант Челси продолжува со потрагата по нови засилувања за екипата, а на листата на желби на Тод Боели се наоѓаат тројца фудбалери и тоа се Енцо Фернандез од Бенфика, Мојсе Каиседо од Брајтон и Мало Густо од Лион.

Густо веќе ги договорил личните услови со Челзи, па сега премиерлигашот се обидува да го договори трансферот на десниот бек со Лион, кој ја одбил првата понуда.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Сините“, наводно, планираат да потрошат и 74 милиони евра за Каиседо кој од вчера има нови агенти и тие преговараат и со Арсенал и Ливерпул за трансфер на талентираниот фудбалер на Брајтон.

Ова не е крајот бидејќи Челзи нуди и 100 милиони евра плус Сантош и Фофана сака да ги испрати на позајмица во Бенфика, а во возврат очекува да го добие Фернандез.

Бенфика претходно соопшти дека нема да прифати под 120 милиони евра за Фернандез, а останува да видиме дали сега ќе се премисли.

Се споменува интерес и за Франк Кеси, но тоа не делува како реална опција во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…