Дома Фудбал Англија Челзи го претстави Фофана: Дојдов тука за да освојам се!

Челзи го претстави Фофана: Дојдов тука за да освојам се!

Од пред неколку дена е познато дека Фофана ќе го засили Челзи, а денес „сините“ го потврдија трансферот.

После Калид Кулибали и Марк Кукуреља пристигнува и Фофана за да ја зацврсти одбраната во тимот на Тухел. Фудбалерот ја даде и првата изјава по потписот за новиот клуб.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Последните два дена беа навистина големи за мене, среќен сум што сум тука. Утрово тренирав со тимот и ова е остварување на сонот.

Возбуден сум и едвај чекам да излезам пред навивачите. Дојдов тука да освојвуам трофеи, Лигата на шампионите, Премиер лигата, ФА Купот, Карабао Купот – се! Челзи е клбу кој е изграден да освојува трофеи и јас сум тука да помогнам во тоа“, изјави Фофана.

Французинот на „Стемфорд Бриџ“ доаѓа за 90 милиони евра и потпиша седум годишен договор и се приклучи на плејадата млади фудбалери од кои се очекува да бидат иднината на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…