Челзи денес го потврди трансферот на Ромео Лавија од Саутемптон кој потпиша договор со важност од дури седум години.
„Сините“ за потписот на Лавија кој пристигнува од Саутемптон го победија Ливерпул. Лондонскиот клуб за трансферот ќе плати сума од 53 милиони фунти, додека дополнителни пет ќе бидат исплатени како бонуси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со овој трансфер Челзи ја продолжи праксата за потпишување на долги договори со фудбалерите со цел да се заобиколат правилата на финансискиот фер-плеј (ТУКА). Лавија на „Стенфрод Бриџ“ ќе го носи дресот со број 45.
Introducing a new Blue! 🔵 pic.twitter.com/vdHynMOMti
— Chelsea FC (@ChelseaFC) August 18, 2023