Дома Трансфер зона Челзи го враќа Игуаин, а Јувентус му го нуди на Интер

Челзи го враќа Игуаин, а Јувентус му го нуди на Интер

Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин ја игра една од најлошите сезони во кариерата, а и неговата иднина е крајно неизвесна.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На крајот на сезоната му завршува неговата позајмица во Челзи, а англиските медиуми тврдат дека „сините“ веќе донеле одлука и сигурно нема да го откупат неговиот договор.

„Тутоспорт“ пренесува дека Челзи веќе го известил Јувентус дека на крајот на сезоната ќе го врати Игуаин. Но, проблем е што „бјанконерите“ повеќе не сметаат на него.

Наводно Јувентус веќе има спремен план и ќе му го понуди Игуаин на Интер, како дел од трансферот на Мауро Икарди.

Икарди најверојатно ќе го напушти Интер ова лето, а негова најголема желба е преселба во Јувентус, па ваквата трампа е возможна.

Сепак, проблем е шпто Игуаин годишно заработува 9,5 милиони евра по сезона, плата која Интер не може да си ја доволи.

Во секој случај, иднината на 31-годишниот Аргентинец ова лето ќе биде многу актуелна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…