Дома Трансфер зона Челзи без Ковачиќ во полуфиналето против Реал

Челзи без Ковачиќ во полуфиналето против Реал

Хрватскиот фудбалер Матео Ковачиќ нема да може да му помогне на Челзи во првиот натпревар од полуфиналето помеѓу Челзи и Реал Мадрид кој се игра во вторник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Одличниот 26 годишен играч за врска има проблеми со повреда и ќе биде единствениот играч на лондонските „сини“ на кој менаџеот Томас Тухел не ќе може да смета.

Не е познато кога Ковачиќ ќе се врати на теренот, но веројатно би го пропуштил и натпреварот против Фулам на (1.мај), но и реваншот против Реал Мадрид на „Стенфорд Бриџ (5. мај).

„Можеме да се надеваме дека ќе биде спремен за натпреварот со Фулам, докторите ќе одлучат. Јас мислам дека нема да биде спремен за тој натпревар“, изјави Тухел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…