Тимот на Вардар продолжува да известува за текот на акцијата во која се продаваат сезонски карти по цена од 1.000 денари.
Црвено-црните истакнаа дека се многу блиску до првиот милиони. Ќе потсетиме, на прес-конференција претставникот на „Комити“ кои се сега сопственици на клубот истакна дека целта е да се соберат 500.000 евра.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Бројот на продадени членски карти, расте од минута во минута. Многу сме блиску до првиот милион. Чекор по чекор, заедно ќе стигнеме до целта!
Купи членска карта, и биди дел од најважната акција!
На сите продажни места на “МК Тикетс”:
LITERATURA.MK – EAST GATE MALL
LITERATURA.MK – VERO JUMBO
LITERATURA.MK – ГТЦ ПРИЗЕМЈЕ
LITERATURA.MK – Ул. Македонија
LITERATURA.MK – ТЦ БУЊАКОВЕЦ
LITERATURA.MK – SKOPJE CITY MALL
ЈУГОТОН – ГТЦ 1 кат
ЈК Травел, ТЦ Бисер – Аеродром
Макпетрол Козле
Макпетрол Илинденска
Макпетрол Влае
Членските карти се достапни и онлајн, преку линкот – ТУКА“, објавија вардарци.