Дома Фудбал Чедомир Јаневски дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка!

Чедомир Јаневски дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка!

Македонскиот тренер Чедомир Јаневски ќе има нова улога во неговата кариера – ќе биде дел од стручниот штаб на репрезентацијата на Јужна Африка!

Во псоледната сезона македонскиот стратег оствари одлични резултати со Олимпијакос Никозија, па така го привлече вниманието. Во репрезентацијата на Јужна Африка тој ќе биде асистент на тренерот Хуго Брос.

Играчката кариера Јаневски ја заврши во 1999 година во клубот Даринг Клаб Бланкенберге и таму ја започна и тренерската кариера.

Во периодот од 2012 до 2013 година тој беше и селектор на македонската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Андора прва на патот на фудбалерките кон повисок ранг во Лигата на нации

Македонските фудбалерки ќе го отворат циклусот во март 2027 со два домашни дуела. Во група…