Репрезентацијата на Англија одигра одлично во групната фаза на Светското првенство. „Гордиот Албион“ го зазеде првото место во групата Б во конкуренција на САД, Иран и Велс со седум бода и гол разлика 9:2.
Англичаните во осминафиналето ќе играат против второпласираната селекција од групата А, африканскиот шампион Сенегал. Тој натпревар се игра в сабота.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Една информација посебно ги радува суеверните Англичани, поточно головите на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Марукс Рашфорд.
Момчето кое израсна на „Олд Трафорд“ и цела кариера ја одигра за „црвените ѓаволи“ стана првиот играч на Манчестер Јунајтед по легендарниот Боби Чарлтон во 1966 година кој постигнал три гола за Англија на Светското првенство.
Како што веројатно знаете, Англичаните беа домаќини на Светското првенство во 1966 година и ја освоија првата и единствена светска титула.
Рашфорд во групната фаза на Светското првенство во Катар постигна гол во убедливата победа на Англија против Иран со 6:2 и уште два во триумфот на избраниците на селекторот Герет Саутгејт против Велс.