Дома Трансфер зона Чалханоглу пред трансфер во Јувентус

Чалханоглу пред трансфер во Јувентус

Италијанските медиуми тврдат дека Јувентус е на чекор да го „украде“ Хакан Чалханоглу од редовите на Милан.

Турскиот репрезентативец во последно време игра во фантастична форма и е клучен играч кај „росонерите“,  но проблем за Милан е што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан сака по секоја цена да го задржи на „Сан Сиро“, но двете страни се далеку од договор. „Росонерите“ нудат 4 милиони евра по сезона, а турскиот плејмејкер бара 6 милиони евра.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус е спремен да ги задоволи финансиските барања на Чалханоглу и играчот е многу блиску до трансфер во Јувентус.

Чалханоглу на крајот на сезоната ќе биде слободен агент, па Јувентус ќе го добие играчот без обештетување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…