Главна транфер цел на Милан во зимскиот преоден рок ќе биде ѕвездата на Челзи, Цеск Фабрегас.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Фабрегас со Челзи истекува на крајот на сезоната, но Шпанецот бара од раководството да го пушти шест месеци порано бидејќи не е задоволен од својот статус во тимот.
На Апенините тврдат дека Фабрегас веќе има комплетен договор со Милан и на лето сигурно ќе пристигне на „Сан Сиро“, но „росонерите“ го сакаат веднаш.
Проблем е што Челзи бара 10 милиони евра за да го пушти во јануари, додека италијанскиот клуб е спремен да плати само 5 милиони евра.
Во меѓувреме италијанските медиуми тврдат дека Милан е спремен да го продаде Чалханоглу, кој оваа сезона игра под сите очекувања.
За турскиот репрезентативец пристигнала понуда од Лајпциг во висина од 20 милиони евра, па многу е веројатно дека „росонерите“ ќе ја прифатат понудата за да го финансираат доаѓањето на Фабрегас.