Дома Фудбал Чави ја коментираше играта на Реал: Ние ги уништивме кога можевме

Чави ја коментираше играта на Реал: Ние ги уништивме кога можевме

Реал Мадрид со пресвртот против Манчестер Сити во полуфиналето од Лигата на шампионите не остави никого рамнодушен.

„Кралевите“ успеаа да го победат Манчестер Сити со 3:1, откако постигнаа два гола во самата завршница за да изборат продолженија. Играта на Реал Мадрид сега ја коментираше тренерот на Барселона Чави Ернандез.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Барселона беше последниот тим кој издоминира против Реал кога ги победија со 0:4. Од тој натпревар Каталонците започнаа да паѓаат во формата, а Реал да игра се подобро и подобро. „Кралевите“ веќе ја освоија Ла Лига и ќе се борат со Ливерпул за трофејот во Лигата на шампионите.

„Секако дека ја цениме таа наша победа. Сепак, не ни донесе никаков трофеј. Мислам дека разликата е во тоа што ние ги уништивме кога можевме. Ако пропуштате прилики за 0:2 или 0:3 Реал може да се врати. Да се победи тим како Реал на таков начин не е мала работа“, изјави Чави.

По таа победа на Барселона дури почна да се зборува дали би можеле до титулата во шпанското првенство, но таквите соништа брзо им завршија затоа што следеше низа од лоши резултати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шчесни и Јувентус далеку од договор: Ќе има ли „старата дама“ наредната сезона нов голман?

Се уште не е познато кој ќе биде голман на Јувентус следната сезона, иако Полјакот Војчех …