Дома Фудбал Чави: Целта е на крајот да бидеме во топ 4 на табелата

Чави: Целта е на крајот да бидеме во топ 4 на табелата

Tренерот на Барселона Чави Ернандез разбирливо беше разочаран после ремито со Осасуна во 17. Коло од Ла Лига (2:2).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците два пати водеа, но домашната екипа успеа да дојде до бод.

„Ремито не е доволно. Добро се држевме. При 2:1 требаше да ја задржиме повеќе топката, но не го направивме тооа. Се мачевме премногу. Не можевме мирно да играме на противничката половина. Не успеавме, не можевме да се избориме со негативната динамика во која паднавме“.

„Имаме допринос од младите. Поддршката во овие тешки моменти е важна. Нивниот труд е неверојатен. Мораме да продолжиме да веруваме, ќе биде тешко да ја промениме оваа динамика. Имавме победа во рацете, но дозволивме да ја испуштиме“.

„Целта е да бидеме меѓу најдобрите четири и да се обидеме да се вмешаме во борбата за титулата. Зошто да не? Ќе биде тешко, но мораме да продолжиме да веруваме“, нагласи Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џака нема да оди во Челзи

Потенцијалниот трансфер на капитенот на Швајцарија и Сандерленд, Гранит Џака, во Челзи нем…