Пред неколку дена Чави потврди дека на крајот од сезоната ќе ја напушти Барселона, меѓутоа сега најави дека би можел еден ден да се врати.
Одлуката да замине на крајот од сезоната Чави ја соопшти по поразот од Виљареал, па тоа беше главна тема на денешната прес-конференција пред натпреварот против Осасуна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чави призна дека повторно би можел да се врати некогаш во Барселона, меѓутоа сега смета дека потребен поинаков тренер.
„Можеби ќе се вратам еден ден, јас сум клупски човек. Секогаш ќе бидам на располагање кога клубот ќе смета дека сум потребен. Во овој момент мислам дека на клубот е потребна друга личност и поинаков тренер“.
Одлуката Чави не ја донел брзо, па откри дека на вакво нешто размислувал уште од минатото лето.
„Одлуката е за доброто на клубот. Уште минатото лето знаев дека ова е моја последна сезона“, откри шпанскиот стратег.
Разговарал Чави и со Гвардиола пред да дојде во клубот, а тој го предупредил дека работата тука е сурова.
„Пеп ме предупреди за ова, ми кажа како одат работите во Барса. Тоа го имам зборувано и со Ернесто Валверде, а сите знаеме дека страдаше и Луис Енрике. Имаме проблем во опкружувањето, се создава неверојатен притисок и не се ужива во секојдневната работа“, изјави Чави.