Дома Фудбал Чави: Тешка сезона, но мораме да продолжиме да се бориме во Ла Лига и Лига Европа

Чави: Тешка сезона, но мораме да продолжиме да се бориме во Ла Лига и Лига Европа

Tренерот на Барселона, Чави Ернандез секако беше разочаран после елиминацијата од Купот на кралот од Атлетик Билбао, а даде коментар и за Осман Дембеле кој е на излезни врати од клубот.

Проблемите во Барселона никако да станат минато. Чави беше дочекан со голем оптимизам, а се поправи и финансиската ситуација, но играта и понатаму не е добра. Барселона така испадна од борбата за уште еден трофеј. На сето тоа Каталонците мака мачат и со Осман Дембеле.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Билбао не ни дозволи да напредуваме во натпреварот, се бранеа со голем интезитет и не можевме да парираме. Видов многу силен Атлетик. Голот на Педри ни донесе продолженија, но испаднавме. Играаа со повеќе интезитет од нас“.

„Правевме добри работи на противничката половина, можеби не беа доволни, но мораме да продолжиме за да бидеме подобри. Не сакам да кажам неуспех, но ако е така да извлечеме поука. Позитивно е што се боревме до крај. Ова се тешки денови, не ни преостануван ишто друго освен да се бориме и да размислуваме за првенството и Лига Европа. Нема друг начин. Треба да бидеме храбри и да ја промениме динамиката, но е емотивно да го опоравиме тимот“.

Дембеле?

„Не се почувствува неговото отсуство. Тој е важен играч, но одлуката е на клубот и сите се согласивме“, изјави Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…