Роналд Куман вчера по поразот од Рајо Ваљекано доби отказ во Барселона, нешто што навивачите го посакуваа уште неколку кола претходно.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Веднаш како главен фаворит за негов наследник се истакна легендата на Барселона, Чави Хернандез. Чави одлично работи во Ал-Сад, а медиумите објавија дека сега никогаш не бил поблиску да се врати во клубот каде што остави голема трага како играч.




И претходно кога Барселона беше во потрага по нов стратег Чави беше еден од главните кандидати, меѓутоа тој јавно секогаш зборуваше дека има време и дека му е рано да се врати во Барселона. Овој пат, кога сега доби прашање од новинарите неговата изјава не е баш дека демантира.




„Моја работа во овој момент е да бидам фокусиран на работата во Ал-Сад. Нема да зборувам за друго ништо“, гласеше краткиот одговор на Чави.