Барсеона се пласираше во осминафиналето во Купот на Шпанија, меѓутоа не остави комплетно добра слика иако играше со нисколигашот Барбастро.
Барбстро успеа да и даде два гола на Барселона што секако беше неочекувано. Но и покрај тоа тренерот Чави сепак беше задоволен со победата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Стана комплицирано откако им подаривме корнер. Дојдоа до 2:1, а ова веројатно беше мечот на нивните животи. Бевме подобри во првото полувреме и до 0:2 бевме доста добри, но по 2:1 одговорија на притисокот. Знаевме дека еден детал може да ја смени играта. Гледаме дека на сите им е тешко и нас ни беше. Ова беше меч кој требаше полесно да го добиеме, меѓутоа си правевме проблеми по наши грешки.
Поради корнер може да изгубите титула и тие грешки мора да се минимизираат. Тоа е топка над која имаме контрола и која ни бега“, изјави Чави.