Легендата на клубот, Чави Ернандес синоќа со победа дебитираше на клупата на Барселона во градското дерби против Еспањол (1:0).




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Неколку часа пред градското дерби се појави вест дека Серхио Агуеро ќе соопшти дека ја завршува кариерата поради проблеми со срцето.




Искусниот аргентински напаѓач има проблеми со срцето, кои беа откриени во текот на мечот против Алавес, а по тестовите му беше препорачана тримесечна пауза.




„Разговарав со него пред неколку дена и не знам ништо за заминување во пензија. Таа вест не е вистинска“, кажа тренерот на Барселона.




Агуеро минатото лето ја засили Барселона како слободен фудбалер, откако претходно му заврши договорот со Манчестер сити.