Дома Фудбал Останато Чави: Не ме прашувајте ништо за Мбапе

Чави: Не ме прашувајте ништо за Мбапе

Чави и неговата Барселона утре ги чека натпоревар во Лигата на Европа против Наполи.

На денешната прес-конференција Чави одговараше на најразлични прашања, а одби да ги одговори оние за Мбапе.

„Не ме прашувајте ништо за Мбапе. Не е мое да зборувам за него, сакам да зборувам само за својот тим. Мбапе е одличен играч како што се Нејмар и Меси. ПСЖ е еден голм тим исто како и Реал. Тоа е се што имам да кажам“, изјави Чави на конференцијата за медиуми.

Барселона која не е навикната да игра во четврток ќе се сретне со Наполи утре од 18:45 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вергара на прагот на дебито за Италија против Франција

Антонио Вергара може да го направи своето деби за Италија во Париз, додека Ди Лоренцо ќе о…