Новиот тренер на Барселона, Чави Ернандес откри дека се слушнал со Лионел Меси.
Аргентинецот ова лето ја напушти Барселона како слободен агент и се пресели во ПСЖ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меси и Чави се одлични пријатели и цели 12 години ја делеа соблекувалната на Барселона, па заедно освоија се што можеше да се освои.
„Лео Меси испрати порака и ми посака среќа. Лео е неверојатен, но повеќе не е тука. Не е ниту Ето ниту Роналдињо. Не можам да мислам на нив кога повеќе не се во клубот. Мораме да гледаме кон иднината“, изјави Чави.