Барселона утре го игра дербито против Атлетико Мадрид во шпанската Примера, а за овој натпревар тренерот Чави Ернандез го повика 15-годишниот Ламин Јамал.
Шпанецот со овој повик од Чави стана најмладиот фудбалер кој се нашол во протоколот за еден натпревар на Каталонците. Јамал е производ на школата на Барселона и Чави веќе најавуваше дека е фудбалер кој може да има блескава иднина, но и да биде предводник на една нова генерација.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Секој што е на списокот може да настапи, сите имаат шанса. Мило ми е што Јамал ќе биде со нас, тој е огромен талент и полн со самодоверба. Имаме играч што може да обележи цела ера во клубот и нормално е полека да почне да добива шанса во сениорскиот тим“, изјави Чави пред натпреварот со Атлетико.
Во случај да настапи против Атлетико, Јамал ќе стане најмладиот фудбалер кој заиграл за Барселона. Рекордот го држи Аррманд Мартинез Саги кој во 1922 година заигра за Барселона на 15 години, 11 месеци и пет дена.