Барселона вчера го победи Атлетик Билбао со 4:0, а после натпреварот тренерот Чави Ернандез имаше само пофални зборови за Осман Дембеле.
Дембеле по влегувањето во игра во второто полувреме постигна гол и запиша две асистенции. Чави изрази задоволство од настапот на Французинот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Среќен сум за Дембеле затоа што тој е професионалец. Видовме каква разлика може да направи. Конечно го видовме вистинскиот Дембеле. Не знам дали ќе остане тоа се работи меѓу него и клубот. Во фудбалот не можеше ништо да кажеш дека е сигурно, работите се менуваат од денес за утре“, изјави Чави.
Во последните натпревари Барселона прикажува добра игра и постигнува голови, а токму ефикасноста беше еден од проблемите на почетокот на сезоната.