Барселона вчера одигра нерешено против Севиља во Андалузија во одложениот натпревар од четвртото коло во Ла Лига, а тренерот Чави Ернандез беше задоволен од прикажаното на својот тим.
Каталонците на тешкото гостување одиграа 1:1 и имаа прилика да го освојат и целиот плен со оглед на тоа дека во последниот половина час играа со играч повеќе после исклучувањето на Кунде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Тешко ми е кога нема да победиме. Денес мислам дека требаше да победиме, задоволен сум од она што го видов на теренот. Мислам дека ова е Барселона која луѓето сакаат да ја гледаат. Имавме навистина добри моменти. Тимот одигра одлично и на добар пат сме. Севиља е навистина квалитетен и искусен тим“, изјави Чави.
Сезонава Севиља е на втората позиција на табелата со 38 бодови, додека Реал Мадрид има пет повеќе на врвот на табелата. Од друга страна Барселона собра 28 бодови и се наоѓа на седмата позиција.