Жерар Пике поминува низ можеби најтешкиот период во кариерата.
Пике во последните недели е во центарот на вниманието поради раскинувањето со Шакира по 12 години. Сега каталонскиот „Спорт“ пренесува Чави му соопштил на Пике дека не и е потребен на Барселона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според информациите на каталонскиот медиум Чави не е задоволен од неспортскиот живот на пике и смета дека тоа влијае на неговата физичка подготвеност, па така 35-годишниот дефанзивец веќе се смета за „вишок“.
Наводно, Чави лично разговарал со Пике и му ја објаснил ситуацијата бидејќи сака клубот да напредува. Пике не ја прифатил баш најдобро таа вест бидејќи сака да остане и да се бори за своето место, меѓутоа одлуката на Чави не се променила.
Чави сака да ја подмлади и освежи одбраната и смета дека Пике едноставно повеќе не може да го понуди тоа што се бара од него.