Легендарниот фудбалер на Барселона, а денес успешен менаџер во катарскиот Ал Сад, Чави Ернандез го избра најдобриот играч за врска во овој момент.
Човекот кој со своите игри го воодушеви фудбалскиот свет го избра Кевин Де Брујн за најдобар. За него Чави зборуваше со избрани зборови.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Де Брујн ми изгледа како едно ниво над сите на неговата позиција. Способен е да направи разлика. Во овој момент сигурно е најдобар играч за врска и уште е релативно млад“.
Чави нема дилеми кој е најдобар тренер во светот.
„Немам дилеми, Пеп е најдобриот. Тој го промени фудбалот, одличен е во тоа што го прави и има лидерски способности“, изјави Чави.