ПСЖ со пресврт во Барселона избори полуфинале во Лигата на шампионите.
Францускиот шампион загуби со 2:3 од Барселона во првиот четврт-финален натпревар пред своите гледачи. Во реваншот губеше со 1:0, а потоа со пресврт победи со 4:1 и продолжи понатаму.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Проблемите за Барселона започнаа во 29. минута, кога директно црвен картон доби Роналд Араухо.
Тренерот Чави потоа реши да го извади од игра напаѓачот Ламине Јамал за да го внесе дефанзивецот Иниго Мартинез. Јамал до 34. минута беше еден од најдобрите играчи на теренот и асистираше за водечкиот гол.
Шпанскиот репрезентативец беше погоден од одлуката на Чави, а поразот посебно го погоди. Тој беше снимен како плаче на крајот од натпреварот.
@tntsports Lamine Yamal was devastated at full-time after Barcelona crashed out of the Champions League 💔 #barcelona #championsleague #ucl #yamal #football #soccer ♬ original sound – TNT Sports