Вчера се одигра уште едно коло во Лигата на шампионите, а Интер на домашен терен ја совлада Барселона 1:0.
Гледавме еден добар, интезивен натпревар во кој двете екипи имаа свои шанси. До победата Интер стигна со голот на Хакан Чалханоглу. Барселона имаше шанси кои не ги искористи, а ВАР им поништи и еден гол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Покрај поништениот гол во Барселона жестоко реагираа на одлуката да не биде донесен пенал во финишот од мечаот. И тогаш се чекаше проверката на ВАР, но судијата не доби повик, па најстрога казна немаше.
Стратегот на Барселона Чави Ернандез беше бесен во таа ситуација и во еден момент дури и непримерно гестикулираше кон судиите. Чави направи гестикулација со која сакаше да им каже на судиите – „платени сте“.
На прес-конференцијата новинарите го запрашаа стратегот на Барселона за недосудениот пенал.
„Викнете го судијата и тој нека ви објасни зошто донесе таква одлука“, изјави Чави.