Дома Фудбал Чави веднаш почна да го решава главниот проблем во Барселона

Чави веднаш почна да го решава главниот проблем во Барселона

Легендарниот Чави Ернандес утре и официјално ќе биде претставен како нов тренер на Барселона.

Чави веднаш ќе почне со работа, но нема да ги има на располагање сите фудбалери поради големиот број на повредени играчи и репрезентативните обврски.

Барселона од почетокот на сезоната се соочува со многу проблеми и имаше дури 15 мускулни повреди.

Чави сака да го реши тој проблем со ангажман на познатиот доктор Ричард Прун, кој цели 25 години работеше во каталонскиот клуб.

Моментално овој доктор работи во Дубаи, но клубот ќе направи се за да го врати во Барселона и да му ја исполни желбата на Чави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Десаи со поддршка за Манчини: „Нема подобар за Италија во оваа криза“

Марсел Десаи верува дека обновата на Италија е на вистинскиот пат, но предупредува дека са…