Дома Топ вести Чави: Барселона никогаш не ја освоила Лигата на Европа и го сакаме тој трофеј

Чави: Барселона никогаш не ја освоила Лигата на Европа и го сакаме тој трофеј

Чави Ернандез денес одржа прес-конференција пред утрешниот реванш од четвртфиналето во Лигата на Европа помеѓу Барселона и Ајнтрахт Франкфурт.

Во првиот натпревар кој се играше минатата недела во Франкфурт резултатот беше 1:1 и јасно е дека Барселона е голем фаворит на крајот да се пласира во полуфиналето од ова натпреварување.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чави денес во просториите на каталонскиот клуб одржа прес-конференција пред овој дуел. Една од темите на прес-конференцијата беше и Роберт Левандовски кој се поврзува со трансфер во Барселона.

Сепак Чави не беше баш расположен да зборува за Левандовски и шпекулациите во медиумите, па веднаш ја промени темата.

„Да го оставиме Левандовски и трансферите, сега не е време за тоа…Фокусирани сме на утрешниот натпревар и нема да зборуваме за можните засилувања“, беше краткиот коментар на Чави.

Истакна Чави дека Лигата на Европа е важна за Барселона.

„Барселона никогаш не ја освоила Лигата на Европа и го посакуваме овој трофеј поради нашите навивачи. Ова е Барселона и секогаш постои императив да одиграте добар натпревар. Мораме да бидеме перфектни и не смееме да гледаме назад во претходните натпревари“, порача Чави.

Натпреварот помеѓу Барселона и Франкфурт се игра во терминот од 21:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ракун прекина фудбалски натпревар🎥

На мечот од МЛС меѓу Филаделфија Унион и Њујорк Сити, ракун се појави на теренот. Фудбалер…