Дома Фудбал Чаби Алонсо: Ова е неописливо. Сè уште не сум свесен за се

Чаби Алонсо: Ова е неописливо. Сè уште не сум свесен за се

Откако пет пати беше вицешампион, Баер Леверкузен стана шампион на Германија за прв пат во својата историја. И на кој начин. Леверкузен и официјално ја потврди титулата со победата од 5:0 против Вердер на пет кола пред крајот.

Така завршија 11 години непрекината доминација на баварскиот клуб во германскиот фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Неописливо. Сè уште не сум свесен за се. Сè уште треба да сфатам што постигнавме”, изјави емотивниот Чаби Алонсо.

„Овој успех е посебен за сите, за целиот клуб. Тој им припаѓа на многу луѓе. Мораме да уживаме во оваа, прва титула по 119 години“, изјави Алонсо.

Шпанецот најверојатно ќе остане во Леверкузен и следната сезона, иако за него има интерес од поголеми и финансиски помоќни клубови.

„Чест е да се биде дел од сето ова и да се работи овде. Денеска заслужуваме да славиме, со семејствата, пријателите и обожавателите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА донесе важна промена пред Европското првенство

УЕФА им дозволи на селекторите за Европското првенство во Германија да повикаат 26 фудбале…