Заврши рекордната серија на Баер Леверкузен без пораз. Актуелниот германски шампион загуби по 51 натпревар.
Поразот кој ја прекина серијата дојде во финалето на Лига Европа, каде Аталанта го освои својот прв европски трофеј со хет-трикот на Адемола Лукман со резултат 3:0. Тренерот на Баер, Чаби Алонсо даде свој осврт на финалниот натпревар.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Не планиравме да имаме лош ден денес, но не ни беше судено“, изјави Чаби Алонсо за TNT Sports и продолжи;
„Не успеавме да реализираме некои работи за кои се подготвувавме, бидејќи Аталанта е тим кој толку многу бара од вас. Ситуации еден на еден, дуели… Не ја добивме топката во вистинските моменти за да ги искористиме приликите. Го направија тоа одлично. Не можевме да се вратиме. Серијата без пораз дојде до крај, но честитки за Аталанта, тие тоа го заслужуваат. Не беше до тактика. Беа подобри индивидуално, но и тимски. Мора да научиме од овој пораз. Боли тоа што се случи на овој натпревар, во финалето, но не чека уште едно финале во сабота и ќе се обидеме да извлечеме поука“.