Дома Фудбал Останато „Чаби Алонсо го одби Ливерпул поради Реал Мадрид“

„Чаби Алонсо го одби Ливерпул поради Реал Мадрид“

Легендата на Реал Мадрид, Стив Мекманаман во интервју за англиските медиуми истакна дека според него Чаби Алонсо не сака да го наследи Јирген Клоп на клупата на „црвените“ следната сезона бидејќи единствена желба му е да го преземе Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Алонсо, кој оваа сезона прави чуда со Леверкузен, неодамна јасно стави до знаење дека нема намера да биде тренер на Ливерпул, а поранешниот англиски репрезентативец ги откри плановите на Шпанецот.

„Не можам да кажам со сигурност, но работата во Реал е приоритет. Доколку Карло Анчелоти се повлече следната година, ќе помине уште една година, а Чаби да го стекне потребното искуство и овој потег воопшто не би изненадил, сепак, една година е долг период и ќе видиме што ќе се случи“.

Во неодамнешното интервју за „ТНТ Спортс“, Чаби Алонсо зборуваше за причините поради кои ги одби Баерн и Ливерпул и одлучи да остане во Баер Леверкузен.

“Имам многу причини за оваа одлука. Овде градиме одличен тимски дух. Има многу причини и многу играчи кои ме тераат да останам. Оваа сезона беше одлична досега. Сите сме свесни дека сакаме да продолжиме заедно, јас се чувствувам како дел од клубот“, изјави Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шокиран Роналдо. Славеа титула, но голманот во 98. минута постигна автогол.

КРИСТИЈАНО Роналдо беше потполно поразен откако бизарен автогол во 98. минута ја одложи пр…