Дома Фудбал Останато „Црна Дамка“ на Македонија, англиските фанови се жалат: Цените се СКАНДАЛОЗНИ!

„Црна Дамка“ на Македонија, англиските фанови се жалат: Цените се СКАНДАЛОЗНИ!

Како што на сите им е добро познато победниците од Лигата на шампионите и Лигата на Европа оваа сезона силите ќе ги одмерат силите во нашиот главен град, а тоа е одлична прилика за хотелите добро да заработат.

Светски познатиот англиски медиум „Мирор“ пренесува дека навивачите на Манчестер Јунајтед се навредени и разочарани од постапката на македонските хотели кои цените ги зголемија за повеќекратно.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мирор“ пренесува дека хотелите во Македонија на навивачите им бараат дополнителни 500 до 900 фунти иако тие имале претходна резервација за одредена цена.

Многумина фанови на Манчестер Јунајтед верувајќи дека нивниот тим ќе игра во Скопје резервираа хотелски соби од пред неколку месеци, а таков е Ник Хорн кој зборуваше за „Мирор“.

„Хотелите во Скопје не ги почитуваат резервациите направени пред неколку месеци. Нивното објаснување е дека резервациите се направени одамна па сега мора да се доплати. Многумина мои пријатели не можат да ги користат собите доколку не платат повеќе. За среќа во Македонија има добри луѓе кои нудат бесплатно сместување“- изјави Ник Хорн.

Ник Хорн не беше единствен кој отворено зборуваше.

„Тоа се многу пари. Сме биле во повеќе земји и хотели, никаде не сме платиле сума колкава што бараат хотелите во Македонија. Ова е скандалозно“, изјави извесен Џозеф Дреин.

Според информациите кои пристигнуваат многумина фанови на двата клуба се спремни да се сместат и во соседните држави

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…