Дома Останати Црвена Звезда денес ќе слави титули на – плоштадот во Куманово!

Црвена Звезда денес ќе слави титули на – плоштадот во Куманово!

Денес на плоштадот во Куманово од 18 до 21 часот изненадувачки ќе се слават титулите на Црвена Звезда.

Станува збор за летен камп кој Звезда го организира трета години низ градовите и селата во Србија, меѓутоа изненадувачки сега за првпат српскиот клуб ќе има промоција и во Куманово.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Караванот ја носи двојната круна освоена од првиот тим на ФК Црвена Звезда годинава, како и пехарот од Бари. Сите посетители ќе имаат можност да се фотографираат со пехарите. Тричасовната дружба ќе биде збогатена со музика и дружење на фановите и постарите навивачи на Црвена Звезда со најмладите кои штотуку ја откриваат својата љубов кон клубот“, вели Емил Ташевски, организатор на манифестацијата во Куманово“, објави порталот „Куманово Њуз“.

Според најавите на настанот ќе присуствуваат имиња како Дарко Панчев, Илија Најдоски, Митко Стојковски и Перо Антиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Алкараз после голема борба во четвртфинале во Мадрид

Карлос Алкараз во меч кој траеше речиси три часа Шпанецот го победи Штруф  и се …