Тимот на Севиља стигна до важна победа против Гранада и така остана во игра за шампионската титула во Шпанија бидејќи сега имаат само бод помалку од Реал Мадрид и Барселона и три од лидерот Атлетико.
Интересна ситуација беше видена во победата над Гранада. Судијата Рикардо де Бургос дуелот го продолжи четири минути, а потоа следуваше вистински хаос. Прво означи крај кога истече третата минута и играчите веќе се упатија во соблекувалните.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа потоа доби информација од ВАР дека прерано го завршил натпреварот и ги повика сите играчи да се вратат на теренот и да играат уште една минута. Се доигра таа една минута, но играчите на Гранада не успеаа да се заканат.