Дома Фудбал Циркус во Италија: Човекот поради кој Рома го загуби натпреварот со Верона премина во – Верона!

Циркус во Италија: Човекот поради кој Рома го загуби натпреварот со Верона премина во – Верона!

Раководството на Серија А не и прости на Рома, „волчицата“ со службени 3:0 го загуби натпреварот против Верона.

Причината за ваквиот пораз е настапот на Амаду Диавара. Имено, Диавара кој во јули наполни 23 години бил пријавен за тимот до 22 години, а не за првиот состав на римскиот клуб.

Циркус се случи по ваквиот настан. Генералниот секретар, Панталео Лонго кој е виновник за ваквата грешка доби отказ и ја напушти Рома. И веднаш по напуштањето на Рома тој пронајде нов клуб и тоа ни помалку, ни повеќе во – Верона!

Навистина чуден расплет на настаните, а дали целиот случај има некаква позадани и намера од страна на Лонго тешко е да се каже. Лонго во Рома пристигна минатата година заедно со неговиот пријател Џанлука Петраки кој си замина во јуни по расправија со поранешниот претседател на клубот Џејмс Палота.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Купот донесе пресврти: Тиквеш славеше во Скопје, Ѓорче се спаси од 0:2

Тиквеш го совлада Вардар со 3:1, а Македонија ЃП преку пенали ја исфрли Брегалница. Вардар…