Дома Фудбал Италија Цела Италија е едногласна: Конте и Интер „раскинаа“, познати и деталите!

Цела Италија е едногласна: Конте и Интер „раскинаа“, познати и деталите!

Цела Италија во попладнево е едногласна – Антонио Конте вечерва и официјално ќе си замине од Интер.

Едни од најпознатите новинари во Италија, Танкреди Палмери и Фабрцио Романо известуваат за ова, а веста ја објави „Скај Спорт“. Според информациите Интер и Конте спогодбено ќе го раскинат договорот. Како што се наведува Конте за раскинувањето ќе добие бонус од седум милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Иако изгледаше невозможно изгледа Интер и Конте навистина ќе се разделат после освоеното Скудето. Прашање е сега како ова ќе се одрази на тимот.

Веднаш се шпекулира и за можна нова дестинација на Конте. Неговото име се поврзува со Реал Мадрид каде што се најавува отказ за Зидан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …