Гарманскиот весник „Билд“ пренесува дека Матс Хумелс може кариерата да ја продолжи во италијанскиот гигант Милан.
Неговиот договор со Борусија истекува овој месец и нема најави за негово продолжување, па Хумелс ова лето ќе замине како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Таквата ситуација сакаат да ја искористи Милан кој веќе стапил во контакт со агентот на Германецот.
„Росонерите“ му понудиле едногодишен договор со опција на уште една година, а Хумелс е спремен да го прифати.
📰 @BILD: AC Milan very interested in Mats #Hummels pic.twitter.com/Wx2bYvHff6
— Milan Posts (@MilanPosts) June 13, 2024