Хуберт Хуркач кој е седми носител на АТП листата се одлучи на негов начин да помогне на украинскиот народ кој се соочува со агресијата од руската војска.
Имено, Хуркач одлучи за секој ас кој ќе го сервира на турнирот да донира по 100 евра. Во прашање е еден од најдобрите сервери во овој момент кој во кариерата досега има 452 неодбранети сервиси.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Повеќе од него имаат само Џон Иснер и Рајли Опелка. Хуркач очекува во добро светло да се престави на Вимблдон и амбициите му се да стигне што подалеку.
Ќе потсетиме, на овој Вимблдон нема да настапат руски и белоруски тенисери поради забрната на АТП.