Францускиот голман Хуго Лорис како што стојат работите кариерата би можел да ја продолжи во редовите на италијански Лацио, објави „РМЦ Спорт“.
Лорис имаше договор со Тотенхем до 2024 година, но премиерлигаот му дозволи да го промени клубот како слободен агент.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во овој моемнт е најблиску до Лацио. Лорис сака преселба во калчолигашот кој сезонава ќе игра и во Лигата на шампионите. Претходно Лорис се поврзуваше и со Реал Мадрид откако се повреди Куртоа кој ќе паузира околу седум-осум месеци, сепак таа опција е малку веројатно во овој момент.
Цели 11 години Лорис го чуваше голот на Тотенхем, а сега одлучи на 36-години да направи промена.