Дома Останати Ракомет Хрватска со фуриозен финиш го победи Исланд

Хрватска со фуриозен финиш го победи Исланд

Репрезентацијата на Хрватска славеше во првото коло на Светското првенство против Исланд со резултат 31:27.

На почетокот на овој натпревар се играше гол за гол, за Исланд за прв пат да дојде на плус два со 11:9, имаа и плус три, но Хрватска на полувреме замина со предност од 16:14


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хрватските ракометари имаа предност од четири гола неколку пати, ја контролираа ситуацијата на теренот, а потоа Исланд при 21:22 прави серија и стигнува до пресврт.

Исланд тесно водеше, но Циндриќ во 52-та минута погодува за 26:26, а после новата маестрална одбрана на Шеге, Хрватска имаше напад за превземање на водството.

Иако Хрватите имаа еден безидеен напад, Степанчиќ повеќе среќно погодува за водство на Хрватска од 27:26.

После тајм-аутот на исландскиот селектор, Исланѓаните грешат, а Хорват на крајот искористи зицер за плус два на пет минути пред крајот. После голот на Циндриќ за плус три стана јасно дека Хрватска чекори кон победата.

Најефикасен кај Хрватска беше Степанчиќ со осум гола, Циндриќ постигна шест гола, Хорват постигна пет. Палмарсон на другата страна постигна седум голови, по поет постигнаа Јонсон и Гунарсон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

ЕХФ донесе конечна одлука за Драган Начевски!

Судот на Европската ракометна федерација денеска донесе конечна одлука за Драган Начевски …