Репрезентациите на Србија и Хрватска во ватерполо го играа дербито на 4. коло на олимоискиот турнир во Токио.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На крајот Хрватите обезбедија место во четвртфиналето откако славеа победа со 14:12. За Србија ова беше втор пораз на ОИ после оној од Шпанија.
Се уште се во игра Србите за пласман понатаму, а во следното коло ќе се сретнат со Црна Гора.
Во истата група Шпанија стигна до четвртата победа откако славеше со Австралија со 16:5. Црна Гора е четврта со ист број како Србија, тие го совладаа Казахстан со 19:12.