Дома Останати Тенис Хрватска на чекор до трофејот во Дејвис купот

Хрватска на чекор до трофејот во Дејвис купот

Тениската репрезентација на Хрватска поведе во Лил против Франција со 2:0 во финалето за трофејот на Дејвис купот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Вториот денешен поен на хрватската селекција го донесе Марин Чилиќ кој беше подобар од Жоа Вилфред Цонга со 6:3, 7:5, 6:4.

Првата победа за Хрватска претходно ја донесе Борна Чориќ откако во три сета го нокаутираше Жереми Шарди со 6:2, 7:5, 6:4.

За освојување на титулата на Хрватска и е потребен уште само еден бод.

Првата меч топка Хрватска ќе ја има во сабота кога во двојки ќе се сретнат Иван Додиг и Мате Павиќ со Пјер Ербер и Никол Мау.

Ако Франција го добие овој натпревар одлуката за победникот ќе падне во недела кога на програмата се уште два сингл натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Нова победа за Ѓорческа во квалификациите за Вимблдон

Лина Ѓорческа со голема борбеност обезбеди победа од 2-1 во сетови против Франциска Хорхе …