Дома Останати Ракомет Хрватска го доби Катар и носи три бода во втората фаза

Хрватска го доби Катар и носи три бода во втората фаза

Ракометарите на Хрватска во важниот натпревар за првото место во групата го совладаа Катар со 26:23.

Во вториот круг, Хрватска ќе продолжи со три бода, додека Катар ќе пренесе два бода, а Јапонија еден од ремито со Хрватска.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Хрватска беше фаворит против Катар, но повторно се мачеше од самиот почеток, најголемата предност изнесуваше три гола. Мануел Штрлек постигна шест голови за Хрватска, по пет постигнаа Марио Мариќ и Марко Мамиќ, додека Франкис Марзо постигна седум голови.

Прв ривал на Хрватска во вториот круг ќе биде Бахреин кој е трет во групата Д.

Во преостанатите натпревари денес Јапонија со 30:29 ја доби Анголо, Бахреин со 34:27 го доби Конго, додека Шпанија со 26:24 го совлада Тунис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Вујовиќ експресно доби отказ во Хрватска, но и суспензија од три месеци

Поранешниот тренер на Вардар, Веселин Вујовиќ поради лошите резултати доби отказ…