Тимот на Ријека би можела да ги израдува своите навивачи во јануари со доведувањето на искусниот напаѓач кој своевремено го носеше дресот на Ријека.
Поранешниот репрезентативец на Хрватска и човек кој настапуваше за Арсенал, Едуардо Да Силва би можел да се врати во Хрватска.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Контактот помеѓу управата на Ријека и Едуардо Силва е воспоставен, а фудбалерот би можел да пристигне веднаш по истекот на неговиот договор со Атлетико Параненсе.
Самиот фудбалер потврди дека се водат преговори околу иднината неговата кариера.
„Можам да ви кажам дека бев на вечера во фудбалско друштво и дека зборувавме на тема, враќање во Хрватска. Сакам да бидам блиску до Хрватска и Загреб“, изјави Едуардо Да Силва.
Да потсетиме во редовите на Ријека настапува македонскиот интернационалец, Леонард Жута.