Дома Останати Холанѓанката Вуст испиша историја во Пекинг

Холанѓанката Вуст испиша историја во Пекинг

Ajрин Вуст денес испиша историја во Пекинг откако освои златен медал во индивидуална конкуренција на пет Олимписки игри (зимски и летни). Вуст победи на 1.500 метри брзо лизгање.

Холанѓаната која има 35 години стана најстариот олимписки шампион во било која дисциплина во лизагање. До победата дојде со олимписки рекорд од 1:53,28.

Освојувањето на златни медали Вуст го започна на Игрите во Торино во 2006 година каде што победи на 3.000 метри. Потоа во Ванкувер во 2010 освои злато на 1500 метри, во Сочи беше прва на 3.000 метри, а во Пјонгчанг на 1.500.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Унгарија ги трга политичарите од врвот на спортските клубови и федерации

Унгарскиот парламент усвои закон против судир на интереси во спортот, со кој политичарите …